Press "Enter" to skip to content

Отворен 41. “Мал битолски Монмартр“ со деца, со доделување награди, со огномет (фотогалерија)

-“Гран-при 2021“ награда на фестивалот од Битола беше доделена на  “Atolye Veysel Acar“ од Трабзон Турција, а наградата “Богомил Карловарис“ на  Светлана Веќиќ – Ралевиќ од ликовното атеље “Artino” од Белград, Србија.

-На 41. издание на “Малиот Монмарт“ во Битола по две години пандемија беа присутни децата, за оние кои се одржува фестивалот, малите уметници, а најмалиот учесник има само три месеци.

-На свечено отворање традиционален огномет во Старата Чаршија во Битола.Вечерва  во Битола започна 41. издание на Малиот битолски монмартр, традиционално како и секоја години, пред просториите на Детското ликовно студиот “Св. Кирил и Методиј“ во Старата битолска чаршија.  41. издание на “Малиот битолски Монмартр“ се отвори со малите уметници, а Битола ќе биде центар на светот за малите дестки уметници.Во име на Општина Битола, “Малиот битолски Монмартр“  го отвори градоначалникот Тони Коњановски кој рече:-Вечерва е голема чест и радост да се биде на една ваква манифестација каде детската креативност е вистински промотор на Битола во светски рамки. “Малиот битолски Монмартр“ е голема гордоста на напиот град, а негувајќи ги малите уметници создава голема топлина во градот, но дава и мотив голем број деца активно да творат, да се надоградуваат, и да напредуваат. Се радувам што после две години децата ќе ги користат богатите битолски приказни за инспирација во своето творештво, а се потсети на тоа дека негов прв учител по ликовно воспитување во училиштето “Св. Кирил и Методиј“ му бил токму творецот на “Малиот битолски Монмартр“, Коста Хаџи Антоновски.Елена Хаџиантоновска, ќерката на Коста Хаџиантовски, претседател на “Малиот битолски Монмартр“ им се обрати на присутните и рече:-Би сакала во мое име и на тимот на “Малиот битолски Монмартр“ да ви се заблагодариме за реализаирата 40, светска изложба на детски ликовни творби. По две години затвореност, во кои 39. и 40. издание ги реализиравме без присустви на децата, а во 2021 година го загубивме и Коста. Времињата тешки се веќе минати, а ние остануваме доследни на она што го остави Коста, а деловите од старата чаршија ќе бидат и оваа година овековечени на дестките творби.Унаку, годинава пристигнаа над 450 пратки од цел свет и од толку школи од 40 држави.  22.500 творби од 22 илјади деца.На крајот не свеченото отворање беа доделени наградите, а меѓународното стручно жири донесе одлука добитник на наградата “Гран – при 2022” да биде  “Atolye Veysel Acar“ – Trabzon – Turkey. Наградата “Проф. Д-р. Богомил Карлаварис” за животно дело за Svetlana Veshich Ralevich – Likovni Atelje “Artino” – Belgrade – Serbia, како од наградите за колекции.Традиционално овој 40 “Мал Битолски Монмарт“ беше отвирен со голем огномет во Старата битолска чаршија.

С.Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »
More from КултураMore posts in Култура »