Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени две лица на натреварот Пелистер-МЗТ, осум санкции за 8 санкции за недавање предност на пешаци

На 22.05.2022 пред спортската сала “Боро Чурлески“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 50 и 49 години, двајцата од Битола, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.  По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (23.05.2022) во периодот од 07.00 до 11 часот полициски службеници на СВР Битола спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги почитуваат обврските кон пешаците. При контролата, откриени и санкционирани се 8 возачи кои не им дале првенство, односно предност на пешаците, а откриени се и 19 останати прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

More from ВестиMore posts in Вести »