Press "Enter" to skip to content

Обдбојкарките на Пелистер Волеј во плач и солзи по испаѓањето од Првата лига (фотогалерија)

Екипата на Пелистер Волеј од Битола се сели во понизок ранг и од наредната година ќе игра во Втората државна лига на Македонија, по поразот во Битола, во спортската сала на Медицинското училиште од екипата на Вардар ЕМ, во вториот натпревар во рамките на баражот.Екипата на Пелистер одигра лош натпревар тогаш кога беше најпотребно, а тоа значеше тежок пораз од 3:0 пред домашната публика која за нив направи одлична атмосфера на трибините. Пелистер Волеј во Битола ред натпреварот имаше одличната предност од 3:1 минатата седмица, кога играше во гости, во Скопје, а за овој пораз и преселбата во понизок ранг на натпревари, тренерот Роберт Митковски рече:-И покрај феноменалната публика не издржавме на сопствениот притисок, токму во последната битка пред самиот крај. Не дека немаше борба, не дека не се обидовме особено во финишот на третиот сет, но прикажаното беше далеку под можностите на оваа екипа. Ние не сме единствени на кои им се случува сето ова, тоа е спортот, такви се некогаш патиштата кога оставате се да се решава во последниот натпревар, па колку и да боли овој пораз, мора да научиме да живееме со него уште денес.Пелистер Волеј искажа благодарност до сите оние кои не поддржуваа на нашиот пат сите овие сезони, особено до верната публика која по којзнае кој пат ни покажа дека Пелистер се сака и кога победува но и кога губи.-За нас сезоната 2022/2023 само што започна. Пелистер не е клуб за само една сезона, имаме голем потенцијал, супер силен подмладок, а нашата порака е “се враќаме за брзо“, додаваат од Пелистер Волеј.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »