Press "Enter" to skip to content

Димче Миновски со сеќавање за Ромите боксери, а “Преда“ додели плакети на 18 Роми кои дале придонес во развојот на боксот во Битола (фотогалерија)

“Преда плус“ фондацијата, како дел дел од проектот “БАИР – заедничка акција на Битола за вклучување на Ромите“, вчера во малата сала на Центарот за култура во Битола додели 18 плакети на боксери од ромска националност кои дале значаен придонес за равојот на боксот во Битола и Македонија.Настанот се реализира во склоп на спортските активности во рамките на проектот Баир- „Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“ финансиран од Европската делегација, имплементиран од COSV – Coordinamento delle Organizzazioni per il Servizio Volontario, Општина Битола и ПРЕДА плус Фондација. Плакетите го додели Лидија Ангелкова, од “ПРЕДА Плус Фондација“, од  проектот “Баир“, која на почетокот на настанот образложи зошто се доделуваат плакетите.-Во Битола голем број на боксери биле или се од Ромска националност, но за жал сите тие некако се заборавени од битолчани, иако како сите кои го познаваат боксот тврдат дека тие дале голем придонес во развојот на боксот, но тоа дека постигнале одлични резултати. Затоа сакаме преку денешниот настан да се потсетиме на нив, а и да им дадеме плакети како, уште едно вреднување на нивниот труд, тренинзи, борби, победи, медали…Димче Миновски, спортски новинар кој долги години бил со нив и известувал од разни места и натревари искажа свои сеќавања за тоа како ги поминал годините кога боксот бил најпопуларен во Битола.-Битола памети многу боксери од Ромска националност кои дале придонес во развојот на боксот, а дел од нив биле носители и на медали на државните натпревари и турнири организирани во поранешна Југославија. Битола дала големи боксерки имиња, ги има многу, а дел од нив како одлични спортисти кои добиле свои места во изборот на најдобри спортисти на Битола. Не, сакам да кажувам имиња, бидејќи ги има многу, а сигурно некој ќе заборавам, но тука покрај нив мора да се спомене и публиката на сите натпревари во салата “Младост“ кои ги бодреа своите другари, роднини, комшии од Баирот, рече Миновски.-Не беа Ромите само добри боксери, дел од нив кои боксуваа беа одлични музичари, пејачи, па затоа кога одевме на гостувања или ги славевме победите во Битола одлично си поминувавме, во забава, смеа, дружење. Сите беа одлични другари, а јас кој ги следев најповеќе имам стотици анегдоти, доживувања, а дел од нив сега се напишани во книгата “Боксот во Битола“ која е подготвена за печат.Покрај Миновски за боксот во Битола зборуваа поранешниот боксер и тренер Владо Костов – Пупучо и боксерскиот судија Цане Георгиевски, кој е актуелен претседател на судиската организација.За тоа каква е состојбата во боксот денес, и колку има боксери од Ромска националност во Битола, како се организирани и со кои проблеми се среќаваат зборуваше спортскиот новинар Сашо Ристевски, кој редовно ги следи и пишува за нив.Лидија Ангелкова, од “ПРЕДА Плус Фондација“ додели десетина плакети за развој на боксот во Битола, а дел од нив се и за боксерите кои повеќе не се со нас, се починати, а ги примија членови на нивните семејства. Признанија добија: Сејдо Амедовски, Сакип Рустемов ( починат ), Ружди Рустемов ( починат ), Шериф Рустемов, Седат Керимов ( починат ), Џеват Иса, Аднан Мефакир, Јетон Укаловски, Неврус Реџеповски ( починат ), Ашим Керимов ( починат ), Демиров Неат Лалич ( починат ), Садик Садиков ( починат ), Беби Сулејманов, Дуле Јусуфов, Мамер Коминов, Ален Рутемов, Рамон Казимов и Оран Јашаровски.

More from СпортMore posts in Спорт »