“Левица“ од Битола се огласи по повод обвинувањата на советниците од СДСМ за, како рекоа, упадот во службените компјутери на советниците од Левица, и велат:
-Интегритетот на советниците на Општина Битола е тотално нарушен од страна на владеачката структура на ДПМНЕ и ПОИНАКУ. Постои сомнение за шпионажа и упад во компјутерските уреди на советничката група на Левица. Транспарентноста кон граѓаните и работата во советот на Општина Битола од страна на советничката група на Левица е повеќе од јавна и со чиста мисла. Покрај сомнежите за обид на упад во службените компјутерски уреди и можни сценарија ни дава простор да бидеме посилни и уште повеќе сплотени во заедница со граѓаните.
Нашите идеи, предлози и иницијативи се секогаш помеѓу јавноста, и не сме засегнати од фактот дека сме мета и цел на одредени нарачатели на вакво дејствие. Со ова се докажува фактот дека постои страв од неспособноста на коалицијата помеѓу ДПМНЕ и ПОИНАКУ. Висок партиски функционер од Совет на Општина Битола се појавува на позадина на службен компјутер, сомнение за аматерски упад од аматери и читање на адреси и фајлови во службени уреди, иако овие уреди не се мрежно поврзани.
ПРАШАЊЕТО Е, КАКО Е МОЖНО ПОСЛЕ ПОЛНОЌ ДА СЕ ПОЈАВИ СЛИКА НА ПОЗАДИНА ОД ВИСОК ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕР ВО СОВЕТ НА ДПМНЕ НА ПОВЕЌЕ СЛУЖБЕНИ КОМПЈУТЕРИ, А НЕ СЕ МРЕЖНО ПОВРЗАНО. Некој нешто работел, ама погрешил. Оние кои ја постапувале стапицата, самите паднале во неа како неискусни администратори и аматерски нарачатели. Фактот кои тие ги пласираат дека пред одреден период “имало” ваков проблем со службените компјутери, не им е познат на никого. НАШАТА ЖЕЛБА ЗА ПОДОБАР ГРАД Е ПОВЕЌЕ ОД ЈАСНА И ЈАВНА, СЛОБОДНО ЧИТАЈТЕ И КОПИРАЈТЕ, БЕЛКИ ЌЕ НАУЧИТЕ.






