Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи Еуро Никел во Битола и го направи првиот чекор кон финалето (фотогалерија)

Пелистер – Еуро Никел 93:84 (1:0)

Екипата на Пелистер со победа го отвори полуфиналниот расплет над екипата на Еуеро Никел во Битола, пред повеќе од 1.000 љубители на кошарката и со 1:0 продолжува на реваншот во Кавадарци.Првата четвртина Пелистер ја доби 28:16, по одличниот старт на натпреварот со цврста одбрана, а како резултат на тоа во осмата минута предноста веќе беше двоцифрена. Втората четвртина беше комлетно во знак на “пелистерци“ и разиграниот Малешевиќ и заврши со 24:11. На одмор се отиде со +25 за Пелистер (52:27).Во третата четвртина екипата на Еуро запона добро и намалија на -15, но Кесар и Младеновиќ со две тројки ја вратија предноста од втората четвртина. Во последните две сидиите и, досудија намерни лични грешки на Младеновски и Кесар, а каварчани имаа 32 поени, а Пелистер 22. Во последната четвртина се влезе со резултат 74:59.Во последната четвртина Еуро Никел намали на -9, но кошаркарите на Пелистер во последните минути играа стабилно за победа од 94:83.Најефикасни кај Пелистер беа Малешевиќ со 27 и Кесар со 24.Вториот натпревар се игра в недела во салата “Јасмин“ во Кавадарци. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »