Press "Enter" to skip to content

Регионалната комора од Битола организира средба во Стење на претставници од Лерин, Пела, Аминдео и Преспа на градовите и коморите

Во организација на регионалната стопанска комора со седиште во Битола, денес во село Стење се одржа работна средба на која присуствуваа претставници на општините Лерин, Аминдео и Преспа, како и претставници на коморите од Лерин и Пела од Република Грција.

Тема на средбата беше: Обновување и унапредување на прекуграничната соработка во пост – ковид периодот меѓу општините и бизнис заедниците во преспанско – пелагонискиот регион во прекуграничните области на Република Македонија и Република Грција.

На покана на претседателот на регионалната комора од Битола, Мирко Велковски, на работниот состанок присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој во своето обраќање пред присутните ги потенцираше можностите кои ги има Битола за нови инвестиции, како и очекувањата за економски напредок и нови инвеститори во градот.

На средбата беа разменети искуства од досегашната соработка, а посебно беше ставен акцент и на идните планови за развој и продлабочување на прекуграничната соработка, особено во областа на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина.

More from ВестиMore posts in Вести »