Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен битолчанец за поседување на марихуана и агресивно однесување кон полицајци, малотетник се оддалечил од дома

На 26.05.2022, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 31 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Исто така, тој бил баран поради бегство од ЈЗУ Психијатриска Болница Демир Хисар. Ѓ.З. ќе биде спроведен во установата и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.05.2022 во СВР Битола, Б.Ј. од Битола пријавила дека од дома се оддалечил нејзиниот син на возраст од 14 години од Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

More from ВестиMore posts in Вести »