Press "Enter" to skip to content

Ученици од “Даме Груев“ од Битола реализираа “Еразмус“ проект на островот Лесвос, Грција (фотогалерија)

ОУ “Даме Груев“ од Битола со 5 учениците од 9-то  одделение, Анастасиа Иваноска, Иван Јовановски, Ива Крстева, Леонид Ташовски, Андреа Трајковска, под  координација на наставниците Весна Дунимаглоска и Мирјана Тасевска, учествуваше на Еразмус проектот на тема “Колку е пријателски нашата локална средина?“ (How friendly is our local area?) на островото Лесвос во Грција.Во рамките на проектот освен учениците  од нашето училиште учество зедоа и деца од Италија, Франција, Шпанија и Грција кои за време на престојот реализираа богата програма  со бројни активности како што се презентирање на својата локална средина на дадената тема, учество во работилници за реставрација и конзервација, посета на музеи, резервати за птици, ветерници и  животинска фарма, предавања од областа на геологијата, екологијата, биодиверзитетот и оддржливиот развој на ретките видови на флората и фауната. Во рамките на проектот се реаизираа и други социјални активности кои беа поврзани со размена на културното наследство и традицијата на земјите учесници  преку работилници за изучување на традиционални танци.Проектот кој започна со престојот во Франција, продолжи во Грција следат и престоите на преостанатите земји учесници како и престојот во Битола кој е планиран да се реализира во месец мај 2023 година.

More from ВестиMore posts in Вести »