Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер идната сезона и без Мандалиниќ и Граџан, вкупно девет ракометари заминуваат од Битола

По одицијалното завршување на годинешната ракометна сезона, ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола ја известува јавноста дека девет ракометари на крајот на сезоната ќе го напуштат клубот на истек на договорот или со платено обештетување.

Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер нема да го носат Мартон Секељи, Рениер Табоада, Немања Обрадовиќ, Стипе Мандалиниќ, Јосип Периќ, Матео Мараш, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан и Никола Маркоски.

Клубот искрено им се заблагодарува на професионалниот пристап и залагањето во изминатиот период. На сите им посакаа успех во продолжувањето на кариерата на клупско и репрезентативно ниво.

Покрај деветте ракометари, Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има и нов тренер затоа што дојде до разделба и со тренерот Жељко Бабиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »