Ракометниот клуб Еурофарм Пелостер од Битола со ручек кој го организираше клупската управа за ракоетерите од двете суперлигашки екипи и академијата на клубот ја заврши натпреварувачката сезона 2021/22.
На присутните им се обрати претседателот Зоран Стерјев и челниците на двата клуба.
Ракометарите кои го напуштаат семејството Еурофарм Пелистер добија пригодни подароци – уметнички дела со мотиви од градот Битола (дела од ликовната колонија “Мал битолски Монмартр“).
Клубот истовремено на сите ракометари им посака добро здравје и многу успеси следната сезона.
Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер нема да го носат Мартон Секељи, Рениер Табоада, Немања Обрадовиќ, Стипе Мандалиниќ, Јосип Периќ, Матео Мараш, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан и Никола Маркоски.
Покрај деветте ракометари, Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има и нов тренер затоа што дојде до разделба и со тренерот Жељко Бабиќ.
Од таборот на Еурофарм Пелистер 2 си заминува голманот Благојче Трајковски кој потпиша со РК Алкалоид и Милан Ѓукиќ кој е слободен ракoметар по четири сезони во Битола.

Со слики со мотиви од Битола, Еурофарм ги испрати играчите и тренерот Бабиќ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Од полноќ дизелот поевтинува 4,5 денари за литар, бензините поскапуваат за денар
- РЕК “Битола“ активен учесник на годинешната меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ во организација на ЗЕМАК
- Битола живееше со науката на Европската ноќ на истражувачи 2026 (мега фотогалерија)
- Општина Новаци: платена школарината на сите бруцоши за прва година од Општина Новаци
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
More from СпортMore posts in Спорт »
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан









