ЈКП “Водовод“ од Битола, ги известува граѓаните дека на ден 31.05 2022 (вторник), поради дефект на водоводната инсталација на ПВЦ ФИ 90 на ул. “Смилевски Конгрес“ (поранешна ул. “ЈНА“) на непарните броеви од број 9 до број 27, ќе има прекин во водоснабдувањето.
Прекинот ќе трае до завршување со санацијата на дефектот.






