Press "Enter" to skip to content

Старата екипа ќе прави нова ретро журка “Орфеј – влез само парови“ со ди-џеј Славе

Корона кризата и мерките кои мораа да се почитуваат ја прекинаа одличната иницијатива, но и реализација на една одлична забава во Битола, која организаторите тогаш, пред три години, ја насловија “Орфеј журка, влез само парови“, а се одржа во “Порта Џез“ во Битола. Но успешноста на таа забава и поради тоа за неа се зборуваше уште долго време, а и уште се зборува, после три неполни години од првата ретро журка се подготвува нова, која веќе е закажана.

-Чест и задоволство ми е да кажам дека оваа година одиме со втора ретро журка “Орфеј  Битола“, како потсетување на едно убаво поминато време од кое сите носиме одлични сеќавања, во младинскиот клуб “Орфеј“ во Битола, кое беше симболот на младоста на Битола, вели Драги Лажиовски – Брусли, еден од иницијаторите за организирање на оваа ретро забава. -Дружбите, журките и љубовта кон музиката која не спојувааше и расположуваше, ќе ги продолжиме на 5 агуст 2022 година во ноќниот клуб “Расчекор“ во Битола. Како и на првата ретро забава за музиката и расположението ќе се погрижи еден од најдобрите ди-џеи  на овие простори DЈ CRAZYSLAVE, Славе Келешоски, кој исто така беше дел од тој култен простор во Битола, додава Сашо Спасевски.

Забавата, како најавуваат организаторите, Драги, Ѕунѕо, Паљото… ќе биде седум часовна забава што не смее да се пропушти, за да се надополни пропуштеното од две години. Присутните ќе се потсетат на диско и екс ју хитовите, а битолчани и нивните гости ќе се видат, некои по подолго време, и пожуркаат, а сите сте добродојдени, велат организаторите и додаваат:

-Првата журка во “Порта Џез“ беше преубава, да ја направиме и оваа за паметење.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »