Press "Enter" to skip to content

На традиционалната забава ФК Јени Маале ги додели признанијата и благодарниците (фотогалерија)

ФК Јени Маале од Битола со традиционалната забава, која последните години се одржува во ресторанот “Вила Виста“,  ја заокружи натпреварувачката 2021/2022 година во натпреварувањето организирано од страна на ОФС Битола, а во рамките на една од натпреварувачките лиги предвидени според пропозициите и натпреварувачкиот календар на ФФМ. Самата манифестација ја задржа традицијата на избор и прогласување на најдобрите поединци од редовите на фудбалскиот клуб во изминатата сезона, а во исто време и оддавање на скромни благодарници на пријателите и помагателите на фудбалскиот клуб. Во говорот што го одржа капитенот на екипата – Никола Пискачев, покрај “освежувањето“ на спомените за тоа како досега течеле натпреварувачките сезони, притоа сеќавајќи се на најголемите подеми и падови, истиот не заборави да спомне дека клубот онаму каде што е денес, е благодарение на големиот круг на пријатели и помагатели на неговото севкупно егрзистирање.Така, во името на целиот клуб, капитенот заедно со претседателот на Благој Делев, им доделија благодарници.Пријатели на клубот на кои ФК Јени Мале и искажа посебна благодарност се “Форматика“ – Златко Филиповски, Николче Јошка Симоновски, “Реприм“, “Bitolanews“ и Синдикат на РЕК Битола – Менде Фидановски и ресторанот “Вила Виста“.На забавата и на доделувањето на благодарниците оправдано беа отсутни одредени долгогодишни помагатели и пријатели на клубот, но истите добија свое место на забавата, а и благодарници кои дополнително ќе им бидат доставени. Станува збор за Горан Лукач и “Г дизајн“ – Горан Талевски.Посебна благодарност клубот му изрази на Митко Стојковски – легендата на македонскиот фудбал, кој што воедно е и член на УО на клубот и кој што од неговото формирање, па до денес, го помага клубот на разлилни начини и форми, со што сионо придонесува Јени Маале да опстои и да ја остватува својата примарна цел – мобилизација на младите луѓе од населбата да се занимаваат со спорт и да водат здрав живот.Покрај благодарници за пријателите и помагателите, клубот избра и најдобри играчи на следниве позиции, најдобар голман – Александар Радевски, најдобар одбранбен играч – Христијан Ристевски, најдобар среден играч – Владимир Крстевски, најдобар стрелец – Александар Митревски, најдобар напаѓач – Хајдин Мустафаи и за најдобар дебитант Михајло Вангелов.Посебно признание за најпожртвуван играч доби Антонио Бошевски, а Андреј Лозановски доби признание за најлојален играч на Јени Маале, награда која се доделува по првпат, а која со својот пристап, посветеност и интересот што го покажува кон самиот клуб, несомнено дека ја заслужи. Како и сите години досега, така и оваа година, наградата МВП  заврши во рацете на капитенот Никола Пискачев.  Клубот нему дополнително му се заблагодари со еден скромен подарок.После завршувањето на официјалниот дел и доделувањето на наградите и признанијата, забавата продолжи со музички наатап на групата “Џокер бен“.Дополнително, свој придонес за доброто расположение имаа и естрадните ѕвезди Николче Јошка Симоновски и Ламбе Алабаковски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »