Press "Enter" to skip to content

Саша Грбиќ и Владимир Ѓоргиевски најдобро пласирани битолчани на 104 и 47 километри на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ (фото)

По пет дена од завршувањето на ултра маратонот во Битола, “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ организаторите и натпреварувачите од Битола го сумираат резултатите, секој од своја страна и свое гледање. Според она што го кажуваат организаторите се задоволни од тоа како се одвиваше трката и организацијата, а натпреварувачи, посебно нашите, од Битола, се радуваат на резултатот кој го постигнаа и пласманот на крајот на трката.

Најдобро пласирани битолчани на 104 и 47 километри се Саша Грбиќ кој беше 4. пласиран на 104 километри и Владимир Ѓоргиевски на 47 километри се презадоволни од пласманот.Саша Грбич за ова трка за тоа како ја помина ноќта и која ја имаше кризата за Битолањуз вели:

-Најлесно ми беше на стартот, ноќта, сабота на недела, ми беше добра, трчавме по магла, ветар, влажен терен. На Големо езеро стигнавме водени до гола кожа и премрзнати, но ќе кажам дека не ми беше тешко. Но, некаде на 65 – 66 колометар, на патеката по “Болници“ имав криза за спиење и ми требаше половина час да се соземам. На изворот кој се наоѓа таму се “ишлакав“, се освежив, се измив со вода и продолжив. Што се однесува пак до психичкиот притисок, имав “пречка“ на патеката по “Црвена“, поради тоа што е многу долга од Антена до Нижеполе која има 15 километри. Тоа ми беше некако, како бариера, притисок кој морам да го пребродам. Знаев дека кога ќе стигна до Нижеполе, што и да биде останува уште делот на Дебел Рид, ќе го искачам и по Сапунчица ќе ја завршам трката, а за тоа како планирал и како поминал на трката додава:-Не бркав време, а имав само една цел да завршам од 20 до 22 часа, а од 22 натпреварувачи си велев само да не бидам последен да бидам 15 или 16, знаејќи дека има голем број тркачи со големо искуство наспроти мене, на кој ова ми беше трка на 104 километри. Но, покрај искусни тркачи од цел свет, некако ми се “наредија коцките“ и истрчав на крајот на 4. место, од што сум презадоволен, со надеж дека и идната година ќе имаме ваква трка.За мотивација Грбиќ вели дека се мотивирал од километар до километар. 

-На трката си сам, со планината, на патеката, го броиш километрите, сам барам начин како побрзо да се движиш, но и да не се откажеш и да останеш сконценриран на патеката, бидејќи опасноста од повреди е на секој чекор, на секој терен. Најголем мотив ми беа најблиските, децата, си мислев и се радував на тоа како со нив ќе влезам на целта и заедно ќе се радуваме, а тоа и се случи. На секој спортист му го посакувам тоа што јас го доживеав на целта, каде најблиските, организаторите, Ненад, Златко, Зоран… ме пречекаа, а тоа се моменти на кои ќе се присетувам и радувам долго време.На 47 километри на трката “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, најдобро пласиран битолчанец беше Владимир Ѓоргиевски, кој на крај на тркате беше на 11 место.

Геогиевски за ова несекојдневно искуство ни рече:-Пред се, морам да кажам дека ова беше едно нејнеројатно искуство. Да се трча на 47 километри, беше и доста тешко, за што требаат добри подготовски за да може да се истрчаат тие долги километри. Но, целта ги оправдува средствата и заради тоа се пријавив на овој маратон на 47 километри. Ова ми беше прв маратон на 47 километри, односно да трчам на толкава далечина и тоа плус на планинско трчање, а за резултатот додава:

-Што се однесува пак до резултатот јас сум изненаден од самиот себе, со пласманот на 11. место. Патеката ја истрчав за 8 часа, а планирав времето да биде 11 часа.За тоа како ги поминал подготовките и за патеката тој вели:

-Ова добро време е постигнато заради тоа што имав одлични подготовки, пред се кондициски. Исто така внимавав на исхраната и спиењето. Подготовките се во текот на цел период, а конкретно за оваа трката има еден месец на поактивно тренирање. Што се однесува пак до патеката, според мене е одлично поставена од страна на организаторот и ќе биде предизвик за сите кои сакаат да се пробаат на оваа должина и до година да се пријават на трката.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »