Press "Enter" to skip to content

Секуловски прозиваше, а потоа и прв тренинг на фудбалерите на Пелистер, под Тумбекафе во Битола (фотогалерија)

-Под Тумбекафе во Битола и официјално започна мисијата, враќање на Пелистер во Првата лига.

Денес во Битола, под Тумбекафе, на стадионот “Петар Милошевски“ започнаа подготовките на фудбалерите на Пелистер, за престојната сезона, во која битолскиот клуб ќе се натпреварува во Втората лига, и ќе се обиде експресно да се врати во Првата лига.Пред првиот тренинг тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски, ја одржа и прозивката на која се јавија сите фудбалери, а на фудбалерите им се обрати спортскиот директор на клубот, Ванчо Мицевски.-На сите нови фудбалери им посакувам успешна сезеона во име на Управата на клубот, а на новајлиите добредојде во клубот и во Битола. Сакам да ви посакам успешна сезона, добро здравје и без повреди. Што се однесува пак до амбициите на клубот, тие се познати, статуваме денес со една цел, а тоа е враќање во Првата лига, а за засилувањата на клубот додава:-Летниот преоден период е долг и затоа остануваат уште неколку дилеми околу комплетирање на тимот. Ние уште пред две три недели како Управа сме целосно ангажирани, а денес започнуваат тренерите и фудбалерите. Вратени се во Битола неколку фудбалери, но тука не завршува за нас преодниот рок. Се надевам дека ќе донесеме уште два-три фудбалери, но и оние со кои разговараме 5-6 фудбалери, а и ние калкулираме со конечната одлука. Тренерот Марјан Секуловски попладнево ја одржа и првата прозивка и го претстави планот за подготовките на фудбалерите.-Се портудивме овој период кој е зад нас да се екипираме и да направиме добра конкуренција во екипата и да има борба за секоја позиција. Мислам дека сме на добар пат, а деновиве очекуваме еден, двајца или тројца нови фудбалери. Не секогаш зависат работите од нас, но се надеваме дека ќе ги пополниме и тие позиции кои сега не ни се пополнети, а за планот додаде:-Цело време остануваме тука во Битола, уште утре малку полабаво по еден тренинг, а од среда по два тренинзи дневно. Од 16 јули почнуваме со контролни натпревари, а поголем дел се веќе договорени. Ќе играме Охрид, Струга, Битола, Прилеп. А се ќе биде насочено, кон една цел каде Пелистер да биде во Првата лига, каде и му е местото.Нови имиња се Петровски, Миленковски, Грозданоски, Бурхан Мустафов и Благоја Љамчевски,  а договорите се продолжени со Маневски, Драгарски, Трајковски, Трајчевски… 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »