Press "Enter" to skip to content

Зоран Алексовски: тркачите на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ низ Пелистер беа “послужени“ со 300 килограми храна и 1.000 литри вода

Тешка е организацијата на било каков настан на планина, но да се организира ултра маратон на Пелистер во должина од 104 колиметри, со старт во Битола, како и двете други трки на 47 и 20 километри, бара многу ангажман, многу луѓе, многу ресурси… Организациониот директор на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, Зоран Алексовски за организацијата, и дел од здужението “PUTM“ од Битола, по завршувањето на истата и средување на впечатоците вели:-Тешко е да се организира “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ на Пелистер во секој поглед, но ние како организатори сме презадоволни, како ја организиравме трката, односно трите трки, а повеќе од коментарите на натпреварувачите и нивните прдружби, кои се сите во суперлативи, а тоа ни ја потврдува нашата констатација.

За тоа што се се сработи за тој мал временски период додека беа завршните подготовки Алексовски додава:-Обврските кон сите беа големи и секој имаше конкретни задачи кои мораше да се исполнат целосно. Да се прибере храната, да се однесе до секој од пунктовите, да се организираат волонтерите, да се постават окрепителните станици со балдахини, столици, лекарски екипи, да се дистрибиураат медикаментите и другите лекарски потребни материјали, да се дистрибуира водата низ цела планина не беше лесно. Сето тоа го сработивме со 125 луѓе кои беа вклучено во целата организација на трката, заедно со организациониот тим. Тука веднаш ќе кажам дека сите одлично ја завршија работата, на “потешките“ станици и на сите места каде имаше наши луѓе, волонтерите, лекарските тимови, спасувачките екипи, возачите…Во коментарите на тркачите нема никакви забелешки, сеуште ја фалат трката, но Алексовски е самокритичен:

-Грешките имаше, не можи д ги нема во толкава организација која ја работиме за прв пат. Ги “видовме“ само ние, а не се почувстуваа кај оние кои се натпреваруваа или кај посетителите. Тие се сосема мали, но во иднина и тие ќе бидат поправени, а секако нема да останиме на тоа, туку ќе имаме и новитети и нови понудени содржини. Но, најважно е дека се помина во одличен ред со само две мали повреди на “Антена“ и Палиснопје, а двајцата натпреварувачи беа згрижени и безбедно пренесени до окрепителните станици и до хотелот “Молика“, а потоа и санацијата на повредите.Во однос на тоа со колку храна и вода беа послужени тркачите Алексовски вели:

-На сите станици и пунктови беа однесени околу 1.000 литри вода, на Големо Езеро, Антена, вила “Ребека“, населба “Стрежево“, “Молика“, заедно со 300 килограми овојше. Само овие две количини кажуваат колку беше потребно труд и време тоа да се однесе на поставена цел. Покрај количините, ако кажеме дека на некои места имаше и снег, се спуштавме со јажина, тогаш имаме “слика“ колку беше напорно да се организира се. Посебно сме задоволни од стартот на трката кај Офицерски во Битола, на целта на “Ниже поле“, со музичка програма, содржини, навивање…Датумот за наредната трка е објавен на 23 и 24 јуни, а Алексовски за новиот предизвик на кој веќе работат вели:

-Датумот го имаме, а започнати се и подготовките, а ќе кажам дека очекуваме многу повеќе натреварувачи. Имаме доста време, и прво уште подобро ќе ги подготвиме патеките, заедно со подобри услови и поголеме безбедност на тркачите. Ќе направиме уште потешка трка, со можеби нови должини и елевации за да ги добиеме и тие шест  “итра“ поени, што ни е нов преизвик. Тоа ќе биде магнет за светските тркачи, а тоа некои веќе го најавија учеството.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »