Празнувањето во чест на светецот Свети Наум започнува уште ноќта на 2 јули кога многу верници се упатуваат во црквата “Св. Наум“ во Битола да се помолат и запалат свеќа за здравје, а тоа е традиција која се негува, според хроничарите на Битола, многу одамна, од минатиот век, па и во време на комунизмот.За разлика од изминатите две годони, оваа година битолчани празнуваа без ковид-мерки, а во дворот на црквата за разлика од лани и преклани стоеја со свеќи и чекаа ред да се качат внатре кај иконата на Светецот. Битолчани кои беа вечерва во малата црква кај “Гроздот“ во Битола, чекаа стрпливо да стигнат до иконата на “Св. Наум“.
Вечерва во Битола, во црквата “Св. Наум“ верниците ќе се молат и бдеат цела ноќ за здравје, а болните за исцелување. Се смета дека чудотворните исцелителски моќи на Св. Наум им помогнале на многу луѓе кои верувале.
Имено, Св. Наум остана запаметен како чудотворец со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од различни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и припадност.

Вечерва, наспроти Денот, битолчани традиционално во црквичето “Св. Наум“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Мила Нечовска, млада пијанистка: пред натпревар вежбам секој ден околу три до четири часа, напорно е, но кога се сака се се може
- СВР Битола: претрес во Битола, приведена 53 годишна битолчанка, пронајдена марихуана и амфетамин
- Инженерски прстен за студентка Сара Петковска од Техничкиот факултет – Битола
- СВР Битола: физички напад во градскиот пазар, каснување од куче скитник, превентивна акција во чаршијата
- На денот на животната средина во Битола “Еко-пријателска мобилност“ – фестивал за еко-мобилност