Press "Enter" to skip to content

ЈП “Комуналец“: викендов екипи на терен по големите врнежи на дожд и силниот ветар

Екипи на ЈП “Комуналец Битола, за време на викендот веднаш по невремето, излегоа на терен, при што презедоа активности за расчистување на состојбата на терен предизвикана од големите врнежи на дожд и силниот ветар.

Собрани беа преку 10 м3 земја наноси од неколку критични локации на раскрсница на ул. “Партизанска“ со ул. “АСНОМ“, ул. “Партизанска“ со ул. “Стрчин“, ул. “Север-југ“, кружните текови на ул. “Партизанска“ со ул. “Васко Карангелевски“, кружен тек “Црн мост“.

Посебни активности беа превземени од силниот ветар, при што екипите на ЈП “Комуналец“ Битола интервенираа на преку 10 локации за отстранување на паднати дрвја и гранки. Поголеми интервенции беа превземени во градскиот парк “Саат кула“ ул. “Анесте Пановски“, ул. “Димитар И.Мурато“, ул. “Партизанска“ и ул. “Лавчански пат“.

Посебен акцент се даде на Главниот градски парк, Шеталиштето и Тумбе кафе.

Поради невремето, беа превземени активности на дополнително метење на улиците со метларка, а во ноќните часови се изврши миење на главните улици со цистерна.

More from ВестиMore posts in Вести »