Со богата програма, која како рече организаторот е најдобра секогаш во последниот ден, заврши годинашното издание на “Локум фест- музика и традиција“ 2022 во Битола, кое е во рамките на битолското културно лето “Бит фест“.
16. издание на “Локум фест“ на битолчани им понуди тридневна разновидна програма, која се одржа на две локации на платото пред Офицерски дом во Битола, и традиионално во Старата битолска чаршија.
Прогрмата на третиот фестивалски ден започна со саем на ракотворби, во организација на ЗУР Македонски ракотворби.
Потоа беше отворена изложбата посветена на некогашниот чобаџија во Битола, Данабаш низ архивскиот материјал „Раскошот и проклетство“ која ја подготви Државниот архив од Битола.
Музичкиот дел започна со песни на пензионерска пеачка група “Сирма Војвода“ од Битола, по нов настапија чалгиска тајфа “Антико“ од Битола.
Завесата на “Локум фест“ се спушти со концертот на “Gipsy Groove“ од Косово.

Со богата програма во третиот ден, изложба, саем и три концерт заврши “Локум фест“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола: јавен повик за линии за општински превоз на патници во Општината и субвенционирање на линии до руралните средини
- Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките, борба за пласман во плеј-офот
- Почина најстарата битолчанка на 108 години, Рејчел Нахмијас еврејка која се спасила од Холокаустот
- Во Битола облачно со сончеви периоди, температурата до 2 степени
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари
More from КултураMore posts in Култура »
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари
- Зимска приказна во Битола на осум локации, 200 часа програма, 67 бендови и над 20 соло изведувачи…
- Ана Талевска од Битола со инструменталната оркестарска верзија на “Рождество Твое, Христе Боже наш“
- Божиќен концерт со кој се празнуваше раѓањето Христово – “Свет, Свет, Свет“ (фотогалерија)
- Раде Шербеџија со “Западни Колодвор“ доаѓа на концерт во Битола (фото)









