Ретки се лицата од Битола кои и во својата осма или деветта деценија од својот живот и по пензионирањето продолжуваат да бидат активни, да творат, да помагаат, да бидат дел од општествениот живот на Битола.
Еден од нив е Димче Миновски, новинар и доајен на битолското новинарство и неуморен хроничар на Битола, кој деновиве го прослави својот 80 роденден. Пријателите пријатно го изненадија, му посакаа уште многу години да биде жив и здрав и да создава.
-Пријатно сум изненаден од моите, можам слободно да кажам, другари кои со мене се долги години. Не очекував на овие години роденденска торта, да дувам роденденски свеќи и да замислувам желби на 80 години, но ете тие се погрижија за тоа, во мојата викедичка во Брусник каде ги поминувам летните горештини. А, јас на сите ќе им посакам долг живот, да доживеат длабока старост како мојата, и да бидат активни на професионален план. Што се однесува пак до мојата работна активност, сакам прво да ги отпечатам книгите кои веќе се готови, а ги има уште шест, а секако ќе продолжам да работам со помали проекти.

Фото вест: новинарот Димче Миновски го одбележа 80 роденден, пријателите со изненадување
More from БитолаMore posts in Битола »
- Голем број верници вечерва пред полноќ во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола го прослави 26 роденден на Тумбекафе (фото)
- Деновиве пред 10 години: протести пред Апелација Битола против СЈО и куќниот притвор на Талески (фото)
- “Street Food Festival“ по 3. пат во Битола, на платото пред бар “Манаки“ (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: “југо“ во Драгор
More from ВестиMore posts in Вести »
- Голем број верници вечерва пред полноќ во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фотогалерија)
- Во понеделник од 5 до 9 часот најавен штрајк на грчките царински службеници
- Повратникот Благој Димитриев засилување за КК Пелистер
- Уапсени двајца крадци од Битола, украле 30 штеки цигари, едниот издржувал затворска казна
- СВР Битола: приведени возачи за возење без возачка и со забрана за возење









