-Со слоганот “Идеја и дело посилни од се“, во преполниот амфитетар на Тумбе Кафе, во јули 2016 година, беше одбележан 26. роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на владејачката, а воедно и најголемата партија во Македонија. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола е формиран на 16 јули 1990 година во големата сала на Домот на културата во Битола, започна со своите сешавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
На одбележувањето на роденденот, за Општинскиот комитет од членови и симпатизари на деновите пред 26 години кога се формираше партијата, а исто така напомена дека денес партијата е сплотена и монолитна и има сила да ги надмине актуелните премрежја, рече тогашниот, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Димитровски.
Димитровски на 26 годишнина ги поздрави сите тие луѓе, од прв до последен, кои го создадоа присутните јадрото на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
На прославата присуствуваа тогашните актуелни пратеници, Зоран Илиовски и Лилјана Кузмановска, комплетниот општински комитет, советници, поранешни претседатели на Општинскиот комитет и пратеници и дел од основачите на партијата во Битола.
Присутните ја проследија и културната програма со сплет од македонски песни исполнети од ансамблот “Македонија“.

Деновиве пред 10 години: ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола го прослави 26 роденден на Тумбекафе (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“
- Деновиве пред 10 години: Во Новаци примовирана мобилна туристичка апликација (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Јован Дојчиновски – сопственик на “АБЦ Дојчиновски“: подготвени влегуваме во оваа грејна сезона со потребните количини пелети
- Во Битола промеливо облачно, температурата до 16 степени
- “КС Групација“ ја реализираше 19-тата крводарителска акција во Битола
- Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на “ауди“
- Во Битола се одржа манифестацијата посветена на руралната жена










