Битола доби ИХФ судија, откако Даниело Божиновски и неговиот судиски партнер Виктор Начевски од Скопје, го поминаа тестовите кои ги имаа за “унапредувањето“ на натпреварите од Светското првенство во Македонија.Двајцата откако успешно ги поминаа тестовите сега пред себе ќе имаат нов предизвик, а веќе од оваа ракометна сезона која е на прагот, ќе можат да судат во сите конкуренции и категории, како и за сите други настани под капата на Светската ракометна федерација.
Пред Божиновски и Начевски, оваа титула ја имаа судискиот пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.