Press "Enter" to skip to content

Денес на “Бит фест“ концерт “Барокна инспирација“

Денес во Битола, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ е концертот „Барокна инспирација“ со Марко Поп Ристов – виолина и Марко Ариани – волончело, кој ќе се одржи во Офицерскиот дом, со почеток во 21 часот.

Марко Поп Ристов дипломирал на Royal College of Music (Лондон) во 2009 година. Се здобил со титулата Магистер по камерна музика на Музичкото и драмско училиште Guildhall во Лондон, а во истиот период го имал и своето Барбикан (Barbican) деби во 2012 година.

Марко Ариани почнал да свири виолончело на возраст од 7 години под менторство на Франческо Пепичели (Francesco Pepicelli). Кога имал 14 години на својот прв рецитал го изведувал Концерт бр. 4 на Џорџ Голтерман. Дипломирал виолончело на Факултетот за Музика А. Пери (Higher Institute of Musical Studies А. Пери) во Реџо Емилиа со специјални почести под менторство на Енрико Бронѕи (Enrico Bronzi).

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »