Press "Enter" to skip to content

Отворен форумот за локални практики во филмската уметност (фотогалерија)

Синоќа во Битола беше отворен форумот за локални практики во филмската дејност, кој се реализира со поддршка од општина Битола, а во организација на Здружението за поддршка и производство на долгометражни и краткометражни филмови и поддршка на развоjот на филмската деjност “Балкан синема ситис“ Овој форум, претставува можност за воведување на иновативни практики, решенија и идеи, во напредокот на филмската дејност на локално ниво.На отворањето на форумот, свое обраќање имаа претставникот “Балкан синема ситис“ и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.-Кога станува збор за филмот, Битола нуди големи можности за продукција на филмови, поврзани со различни историски периоди, но и со друга тематика, за која е неопходна автентичност на просторот, изразена низ нашите значајни објекти, нивниот ентериер или едноставно живописниот отворен простор, како и бројните улички проткаени со бројни приказни, рече Коњановски.Покрај автентичноста на Битола, член на мрежата на креативни градови на УНЕСКО, во областа филм,  беа спомената и останатите услови кои ги има градот за филмската индустрија, новото кино “Манаки“, кино салата на Центарот за култура, со својата висококвалитетна опрема.-Кога зборуваме за одржливост во оваа област, мора пред себе да го имаме значењето на филмската индустрија за развојот на туризмот, културната промоција и финансискиот бенефит за речиси сите други сектори кои функционираат во градот. Сепак, во процесот на создавање нови придобивки, не смееме да ја заборавиме грижата за објектите и животната средина, зошто само на тој начин, секогаш ќе бидеме чекор понапред кон подобрувањето на условите за напредок, беше речено на отворањето.Присутните имаа можност да ја гледаат и проекцијата на филмот „Стела“, кој е првиот македонски игран филм за деца, а воедно и првото еко производство, а Форумот, продолжува денес.

More from КултураMore posts in Култура »