Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: 16 годишен моторциклист повреден во сообраќајка на крстосницата “Солунска“ и “Никола Тесла“

На 14.08.2022 во 01.02 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул “Солунска“ и ул. “Никола Тесла“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед “хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник и патничко возило „опел вектра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 43 годишник, двајцата од Битола.

Во несреќата возачот на мопедот се здобил тешки телесни повреди, а неговиот сопатник на возраст од 28 години, со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Во координација со Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициска станица Битола.