Синоќа во Народниот театар во Битола се одржаа театарски игри во форма на забавно шоу в изведба на Импов групата “Настап“, а се одржаа во рамките на “Бит фест“, кои се одржува цело лето на разни локации низ Битола.
Григор Јовановски, Сергеј Димовски, Ангела Стојановска и Наталија Теодосиева, заедно со водител Борјан Стојков, со играње на театарски игри на импровизација во форма на забавно шоу, приредија одлична забава за битолчани кои беа присутни, а како сите на излегување од салата ни рекоа, се изнасмеаја.
Инаку, импровизацискиот театар е чин на уметничко изразување во облик на непосреден, но комплексно структуиран јавен настап, обврзан да критикува, демистифицира и образува, оградувајќи се од вулгарност и прост подбив. Импровизацијата и непосредната креација отсекогаш биле основен дел од креативниот процес. Постојат вежби и „игри“, кои ја освестуваат и развиваат способноста на изведувачот да се адаптира на секој нов проблем и секогаш да дејствува од релаксирана но активна позиција.
Во 1988 год. во Велика Британија се појавува импров радио програма насловена „Whose line is it anyway?”. Поради популарноста уште истата година, таа радио програма се преиначува во телевизиска и останува на „BBC” сè до 1999 год, кога американското студио “ABC” го купува шоуто и тоа сèуште се емитува во Америка. Со текот на времето насекаде низ светот се формираат вакви групи и се организираат импров фестивали и натпревари од национален и интернационален карактер.

Импов групата “Настап“ ги изнасмеа битолчани (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Младински креативен конкурс за дизајн на маица дел од “Креативниот ден“
- Никола Граховац: чест е да се игра против Барса, а мислиме и на Вардар
- Бесплатен Wi-Fi во срцето на Битола, во стариот градски пазар
- Во Битола сончево, температурата до 14 степени
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика
- Битола го слави франкофонското наследство: “Франкофонска пролет“
- “Засекогаш во срцата“: традиционален концерт во чест на Тоше Проески со оркестарот “DIVA“ и солисти во Битола
- Меморандум за поддршка на македонски музички таленти









