Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот Вангел Алтипармаковски промовиран во нов тренер на Ховд Вестерн во Монголија

Младиот фудбалски тренер од Битола, Вангел Алтипармаковски од денеска е нов тренер на екипата на Ховд Вестерн од Монголија, каде и официјално беше промовиран од страна на клубот. Ховд Вестерн е тим од Првата лига на Монголија, односно од најелитната конкуренција на оваа земја, а за Алтипармаковски ова ќе биде ново искуство и нов предизвик во неговата тренерската кариера.-Потпишав за период од една година, за што и Вие бевте во тек, преговорите беа околу еден месец. Ги договоривме деталите и веќе сум на новото работно место, прв тренер на Ховд Вестерн. Претстои период на пролагодување, но веќе започнав со работа, рече за bitolanews, Алтипармаковски по вибер комуникција, и ни прати првите фотографии во новиот клуб.Тој претходно работеше како тренер на младите категории во скопски Работнички, а беше и асистент во првиот состав на дебармаалци.

Вангел Алтимарковски потекнува од спортско битолско семејство. Неговиот брат Марјан е активен фудбалер, а двајцата се од школата на Пелистер, каде имаат и настапувано.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »