Press "Enter" to skip to content

“Leitz“ го носи кинематографот Антоан Хеберле во Битола

“Страст за слики кои се движат“ е слоганот кој го носи одамна прославената германска компанија “Leitz “, која произведува камери, оптички леќи, фотографски леќи, двогледи и микроскопи. Компанијата е формирана од Ернест Леиц Вецлар / Ernest leitz Wetzlar, во далечната 1869 година. Во 1986-та компанијата „Leitz“ го менува своето име во „Leica“, заради славата на тоа трговско име.

Благодарение на оваа етаблирана компанија во филмската индустрија, на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“, во Битола, работилница ќе одржи кинематограферот Антоан Хеберле.

Овој човек, со импресивно искуство и биографија, роден во 1964, ја открил фотографијата уште како тинејџер. На оваа возраст, тој патувал сам онолку колку што бил во можност или се искачувал на планини со неговите пријатели, секогаш со камерата во раце. На колеџот во Гренобл, некои од неговите професори биле вљубеници во филмовите и киното како храм на седмата уметност, па ги носеле учениците на проекции, користејќи ги филмовите како поддршка за лекциите на часовите. Благодарение на нив, Антоан се вљубил во кинематографијата.

Додека тој студирал математика и физика на универзитет, тој поминувал многу повеќе време во кино и конечно успеал да влезе во Националното училиште за кино „Луис Лумиер“ во Париз во 1983 година.

Станува директор на фотографија на долги играни филмови (40 филмови од 1993), изградил кариера, главно низ независни продукции со режисери како Летиција Масон, Ален Гуираудие, Стефан Бризе, Јасмина Реза, Томас Лилти… Тој работел и на документарни и телевизиски серии, меѓу кои се „Спирал“ и „Хипократ“. Во 2004 година го снима „Рајот сега“ со Хани Абу Асад. Откако филмот беше номиниран за Оскар за најдобар странски игран филм, Антоан започнал да работи во различни земји како Палестина, Израел, Чиле, Бразил, Турција, Тајван, Италија и Тунис.

Освен со снимањата на сетови, Антоан предава на различни школи за филм и одржува различни работилници по светот какви што се „Сinefabrique“ во Лион или „Femis” во Париз.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »