Синоќа во Офицерскиот дом во Битола, како што беше најавено на средбата помеѓу градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и заменик градоначалникот на Бат Јам, Ури Бускила, се одржа настанот „Бат Јам – ќерката на морето“.
Овој настан беше своевидна музичка и видео разгледница, преку која беше претставен израелскиот град Бат Јам, во изведба на гостите од Израел.
Пред присутните се обратија градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и заменик градоначалникот на Бат Јам, Ури Бускила, кој ја истакна иницијативата да ги зближи двата града и дава на Битола и битолчани ексклузивна можност да се запознаат и остварат богати врски базирани на неверојатната различност помеѓу двете средини, но и на врските настанати преку човечкиот фактор – битолските Евреи кои себе си се препознаваат како Монастирли.
Тие уште еднаш ја потенцираа заедничката заложба за продлабочување на соработката помеѓу двата градови и целта да ги зајакнат мостовите на заедништво и соработка на повеќе полиња.
Бат Јам е медитерански град, во кој живеат битолски и македонски семејства кои се доселиле во градот во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Меѓу нив е и семејството на д-р Хаим Абраванел.
Бат Јам е град сместен на медитеранскиот брег и прв сосед на древниот Јафо, пројави особен интерес за Битола во текот на изминатите 7 години заради тоа што негови жители се битолски и македонски еврејски семејства коишто таму се преселиле во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Едно од нив било семејството на д-р Хаим Абраванел. Познат жител на Бат Јам е и уметникот Мати Грунберг којшто на Битола му го подари својот сончев часовник.
Во Битола доаѓаше во три наврати 2016-2019 година и г. Ури Бускила, заменик градоначалник на Бат Јам кој се вљуби во шармот и пријателскиот дух на Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”1139″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]











