Синоча на платото пред Офицерски дом во Битола, пред битолската публика се одржа концерт на групата “E- motion Bend“.
“E- motion Bend“ е составена од пет членови Симеон – вокал, Антонио – гитара, Деан Блажичо – гитара, Пеце – тапани и Игор бас – гитара.
За нив музиката е дел од нивното секојдневие. Во изминатиот период имаат доста настапи во Битола и низ цела Македонија.
Симеон Тасев, вокал на групата пред вчерашниот концерт ни рече:
-Ќе има музика за сечии вкус, на почетокот нашите посетители ќе имаат можност да слушаат странска рок музика потоа Екс Ју музика и задолжително на програмата ја имаме македонската музика. Ќе отсвириме забавна македонска музика, ќе пееме заедно со публиката македонски евергрини како и песни од поново време.
А, публиката која беше вчера на нивниот концерт се увери во тоа, заедно пееја и се забавуваа.
[ngg src=”galleries” ids=”1140″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]











