Press "Enter" to skip to content

Пливачите на Југ со шест медали на “Император куп“ – државно првенство (фото)

На Олимпискиот базен во Битола се одржа државното првенство во пливање  “Император куп“ во организација на пливачкиот клуб Олимпик од Битола. На ова државно првенство учествуваа 8 клубови од Македонија, кои во Битола пристигнаа со 150 пливачи во сите категории.Пливачкиот клуб Југ се натпреваруваше со 25 пливачи во сите категории, а според тренерот Михајло Трампевски, младите битолски пливачи се претставиле одлично. Михаил Петковски освои прво место генерација 2004/5 година, а првопласирана е и Бјанка Михајловска генерација 2013/14 година.Пливачите на Југ освоија и три втори места, Максимилијан Лазевски генерација 2008/09, Андреј Китевски  генерација 2010 и Андреј Манцов генерација 2011/12 година.Јана Поповска генерација 2008/09 година го освои третото место.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »