Играта на светлината одлично ја надополни музичката вечер наречена “Љубов и светлина“ на која настапија тројца музичари од Битола, Марина Коруновска – мецосопран, Александра Ристевска – пијано и Марјан Бакревски – кларинет, синоќа во Офицерскиот дом, во Битола, во рамките на Бит фест. Битолчани поминаа уште една прекрасна музичка вечер во рамките на Бит фест, чиј концепт оваа година донесе настани за сечиј вкус.
Спојувањето на тројца врвни музичари, преку искучително добро одбраниот репертоар, во кој сите тројца покажаа дека се извонредни во својата област, на сцената донесе музика од Хајдн, Брамс, Шуберт, Григ, Прокопиев, Дебиси, Мусоргски и Пијацола.
Марина Коруновска, Александра Ристевска и Марјан Бакревски се професори во Државното музичко училиште во Битола.
МАРИНА КОРУНОВСКА е македонски мецо-сопран, родена во Битола. Средното музичко училиште го започнува во Битола во класата на проф. Пеце Митревски а како исклучителен талент го завршува во Белград, Р.Србија во класата на проф. Људмила Грос со мислење на солопеачкиот отсек : “Марина Коруновска, спаѓа во редот на најталентирани ученици во музичкото училиште Коста Манојлович”Дипломира на Националната музичка академија во Софија, Р.Бугарија во класата на проф. Ирена Брмбарова со највисоки оцени.Добитник е на бројни државни и меѓународни награди и признание за културен допринос на општина Земун, Р.Србија.
АЛЕКСАНДРА РИСТОВСКА е родена во Битола, каде го започнува музичкото образование од својата петта година во класа пијано на проф.Василка Куновска. Средното музичко образование го завршува во класа пијано на проф. Маргарита Татарчевска.Дипломира и магистрира на ФМУ Скопје во класа пијано на проф.м-р.Евушка Елезовиќ. Активно соработува со : Стефан Тасевски- саксофон, Маја Митровска- сопран, Марина Коруновска- мецо сопран и камерниот оркестар на Битола. Од 2002г. до денес работи како наставник по пијано и корепетитор во Државното музичко училиште во Битола.Од 2017 е асистент во школата Korunovska singing & music.
МАРЈАН БАКРЕВСКИ роден во Битола. По завршување на музичкото образование во Битола и летниот камп Интерлохен во Мичиген, музичкото образование го продолжи во Бостонскиот Конзерваториум за Музика во Бостон и универзитетот „Моцартеум“ во Салзбург, Австрија.Во повеќегодишниот престој во САД има редовни оркестарски и камерни настапи во рамки на универзитетскиот оркестар и камерни групи, но и со оркестрот Charles River Wind Ensamble.По завршување на студиите во Моцартеум, Марјан живее во Виена каде што е член на оркестрите Kagran Musik Orchester, Dorfmusik Strebesrsdorf и Wiener Regimentorchester IR4 Deutschmeister каде што настапува како соло кларинет и водач на групата кларинети.Од 2013 започна со работа во основното Музичко училиште во Прилеп, а од тогаш до денес работи во Државното музичко училиште – Битола, и е диригент и основач на Битолскиот Дувачки Оркестар.

Музичката вечер наречена “Љубов и светлина“ ја следеа голем број љубители на музиката
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










