Press "Enter" to skip to content

На 10. јубилеен “Pelister Downhill Cup“ многу натпреварувачи и гости во Битола на Пелистер (фотогалерија)

-Денен на Пелистер се одржа “Pelister Downhill Cup“, а на Пелистер како на корзо во Битола, многу луѓе на патеките, на Копанки, на платфорната на “Молика“, а кај Детското каде беше целта на трката многу адреналин, забава, уживање, награди.

-Екипа на bitolanews беше по целата патека и околу неа, од стартот на Копански, на патеката, на скоковите, на целта и преку мега фотографии ви ја пренесуваме целата атмосфера.Убавиот ден кој за разлика од вчерашниот, кон крајот на август ден создаден за на планина, а посебно убав за одржување на традиционалната 10. по ред, оваа година јубилејна, “Pelister Downhill Cup“ кој го организира “Extreme bike team“ од Битола. Но, голем дел, не само од Битола, туку и од други градови, дојдени за традиционалниот “Pelister Downhill Cup“, да ги гледаат велосипедитите како храбро со своите модерни, планински, велосипеди се спуштаат на определената патека од Копанки каде беше стартот до Детското одморалиште до  целта.Но, немаше само натпреварувачи, кои оваа година ги имаше во рекорден број 84, туку и рекративци од разни возрасти кои со своите планински велосипеди дојдоа, некои се искачија до Копанки, а искористија и мали делници на патеката, барем за малку да го почувствуваат адреналинот кој го “крева“ оваа тешка патека, можеби во петте најтешки на Балканот.На целата патека имаше многу луѓе кои ги бодреа натпреварувачите чекајќи да видат некој бравурозен скок на велосипедистите, а денот како создаден и за натпреварувачите и за гледачите, бидејќи не беше многу топло, по вќерашниот дожд, а се уживаше од Копанки, по патеката до платформата на “Молика“, па продолжуваше до големиот скок на патот, се до Детското, каде беше целта.-Добро е што од година во година има се поголем интерес како за натпреварување, а имаме и рекорден број на натпреварувачи, вкупно 84 и за прв пат жени, така и за гледање од страна на љубителите на овој спорт од Битола. Ме радува што планината е полна со луѓе насекаде од стартот до целта, ни рече Тони Котевски, од “Extreme bike team“ од Битола, организатор на трката.Волонтерите на Црвениот Крст беа на своите места, помагаа при падови, а овој пат имаше и повреден натпеварувач на тренингот. Денес на трката имаше велосипедисти кои паднаа, но без повреди.Жичарата работеше во текот на целиот ден, велосипедистите со своите велосипеди се искачуваа до Копанки каде беше стартот на велосипедската патека. Тука велосипедистите се одмараа после квалификациите и го чекаа стартот на трката.-Ме радува тоа што тука на платформата е дел од случувањата денес. Тука гледате уживаат битолчани во кафе и други пијалоци, гледаат дел од патеката и секако со аплауз и бодрење ги поздравуваат натпреварувачите, вели Никола Каровски, раководител на хотел “Молика“.А на целта кај Детското одморалиште беше најпосетена, а тука тимовите ги пречекуваа своите натпреварували, а се беше како да не сме во Битола, туку во некој модерен ски центар на Алпите, каде се нуди забава за сите.-Фаворитот на трката како реков денес го има најдброто време, тоа е Лазаридис од Грција, а тука се и искусните возачи од Кипар, Грција и Бугарија, вели Јовче Даскаловски од “Extreme bike team“, кој е победник во “мастер“ категоријата.

Во категоријата елита, најдобро време имаше Андреас Теодору од Кипар, во хоби Кристијан Угриновски од Македонија, кај јуниорите најдобар беше 15 годишниот Марко Ламарис од Грција, во мастер Јовче Даскаловски од Македонија, во мини јуниори Георги Атанасов од Бугарија и кај жените гркинката Евелина Зафеири. Наградите ги доделија организаторот на трката и спонзорите, а на најбрзите петмина во сите категории или, најбрзите на планината денес, паричните награди им ги додели градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, кој рече:

-Ме радува ова што се случува денес на Пелистер. Одлично организирана трка, одлични возачи и резултати, но и многу забава, убаво расположение. Сакам на сите кои сте тука, а најголем број се млади да им порачам, кога ќе биде 50. трка на Пелистер, на своите деца со гордост да им кажете, дека сте биле дел од оваа денешната одлична јубилејна 10. трка. А, Битола ќе продолжи да ги цени овие вредности, и секако да помага, тие да бидат брендови со кои сите ќе се гордееме.Шанкови со кафе, пијалок, забава со ди-џеј, водител Иван Чулаковски, кој ги информираше гостити и натпреварувачите во “real time“, со еден збор сите кои беа тука на Пелистер, а посебно на целта ќе ги паметат овој ден, кои “избегаа“ од Битола,  како ден идеален за на Пелистер, за на “Pelister Downhill Cup“.Сите кои пристигаа на целта, со атрактивен скок на целта, на целната удолница, беа дочекува со аплаузи, како знак на чест на нивната храброст, кој патеката од Копански до Детското одморалишете ја поминуваа со своите велосипеди за околу четири минути, а најдобрите и за една минута побрзо.Секако најповеќе аплаузи, освен најдобрите, добија и ветераните во мастерс категоријата, кои се и основачи на овој спорт во Битола, како Андреј Нашоку, кој сеуште е активен и омилен кај младите.Далеку од вести за пандемијата, бројот на заболени од ковид, војната во Украина, криза насекаде, поскапени цени на се и сешто, секојдневните вести од политика, економија, образование… како секој да сакаше во мирот, чистиот воздух, зеленилото на боровите, зраците на сонцето кои се пробиваат низ дрвата кон папратите да заборави макар на еден ден на сите проблеми, со своите најблиски, семејсвото, пријателите, другарите… денес, секој си најде свој мир и релаксирање  на Пелистер.

Екипа на bitolanews

More from ВестиMore posts in Вести »