Викендив во Битола се одржа традиционалниот меѓународен семинар за реално аикидо “Пелистер 2022“, кој иако беше закажан на отворено, поради прогнозите дека можно е невреме на Пелистер ќе се одржи во Будо центарот.
На семинарот има учесници од Србија, Грција и Македонија, а дел од нив се редовни гости, а ќе има и нови учесници.
-После пандемијата ова е втор семинар, за жал еднодневен, поради новите бројки на ковид-19, а се надеам дека од година ќе се вратиме на старите навики, семинарите да бидат седумдневни или десет дена. За денес хендикеп е бидејќи временските прилики не се добро и наместо на Пелистер сме тука во салата на будо центарот во Битола. Ништо нема да пречи, а ќе имаме околу 100 посетители, колку и очекувавме. Се работи базична техника бидејќи имаме млада популација и се разбира ќе се работи и напредна техника за високите појаси, ни рече Ѓуро Илиќ, организатор на семинарот, кој нагласи дека има сериозни предавачи со големо познавање.
Ана Врачаревиќ е дел семинарот, а заедно со нејзини колеги од Србија одржа квалитетни предавања за сите возрасти, за семинарот и посетатата на Битола рече:
-Повод за посетата во Битола е едно собирање на вљубеници од овој спорт, дружење и работа, пред стартот на сезоната која сите не очекува, да тргнеме во нови победи и после оваа пандемија сега да се собериме во поголем број и конечно да работиме. Со тоа што денес има и деца и возрасни ќе ги прилагодиме техниките за сите категории и ќе биде интересни како и секој пат кога има вакво друштво. Ќе има мајстори кои ќе го пренесат своето знаење, а тука е Зоран Стојановиќ од Лесковац како поддршка, но и други квалитетни мајстори од Македонија. Секој ќе има простор да го покажи своето знаење.
Врачаревиќ која во Битола за прв пат ги донесе и своите ќерки, на Илиќ поради новите титули во овој спорт му подари брендиран црн појас со неговито име и презиме што е уште едно големо признание за битолскиот мајстор.
А организаторот на сите предавачи, во знак на сеќавање на овој турнир му подари благодарница и новата значка на Аикидо федерацијата.
[ngg src=”galleries” ids=”1145″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]









