Press "Enter" to skip to content

Горан Стефановски, ембриолог во болница “Плодност“ на триатлонот “Iron Man“ (фото)

Ембриологот Горан Стефановски од Битола, ембриолог во болницата “Плодност’“ од Битола учествуваше на престожниот натпревар во триатлон “Iron Man“ и со успахот кој го постигна влезе во кругот на елитните триатлонци.По тој повод Стефановски ќе рече: 

-“Becoming IronMan“, денес е посебен ден, денес влегов во друштво на елитни спотристи-триатлонци, ги премостив моите физички способности, психички се изборив со предизвикот, станав посилен, побогат за едно големо искуство, биидејќи ова натпреаврување, “IronMan“, психички истоштува повеќе од физичката болка и додава:-Сакам да се заблагодарам на многу луѓе, но ги издвојувам мојата сопруга Марија без неа немаше да е возможна цела оваа организација, станување дел од “IronMan“, бесконечни саати тренинг, фала ти што беше до мене, секој месец, секој ден,секој саат, секоја минута.  Благодарам за подршката, за разбирањето.-Болница “Плодност“, особено “моите“ од IVF одделот д-р Христијан Трпчевски, прим. д-р Таше Трпчевски, Николче Огненовски, Стефан Матиќ, Снешка Дмитровиќ, Анета Јошевска и Оливера Марковска за секојдневното разбирање за тренингот, поддршката, а сето тоа е бесценето за мене.

Мојот човек, Борислав Иванов бидејќи без твотие совети за тренинг, совети за организација на целата подготовка и денот на трката, ќе беше невозможно да завршам “IronMan“, бодејќи тој е дел од  “IronMan finishers“, како и мојата фамилија, моите другари, група ентузијасти љубители на скијачки спортови, Мартин Јовановски и Николај Пенев.

More from ВестиMore posts in Вести »