Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски заедно со претседателката на советот на Општина Новаци Славица Најдовска Стојковска и дел од општинската администрација, направија увид на санираното и реконструирано газилиште на река Елешка кај село Гермијан.
-Направена е санација и реконструкција на постоечкото газилиште на река Елешка направенов во 2014 година. Имено при секое надоаѓање на реката газилиштето беше оштетувано, па затоа сега е направена реконструкција при што се направени пристапите од лева и десна страна со бетонска темелна плоча, армиран бетон и поставени се цевки Ф800 за пропуст на водата “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Средствата во висина од 988.047,00 денари се обезбедени од Програмата за фосилни горива на Министерството за животна средина и просторно планирање. Изведувач на градежните работи е Винил Електрик ДООЕЛ Битола.