Press "Enter" to skip to content

Валтер и Лесљак зборуваа на првата прес-конференција за СЕХА во Задар: сите опции во полуфиналето се отворени

Екипата на Еурофарм Пелистер оваа сезона игра за прв пат во завршницата на СЕХА лигата, која се одржува во Задар, а по тој повод денес е одржа и првата официјална прес конференција, на која во име на клубот од Битола зборуваа тренерот Ларс Валтер и голманот Урбан Лесњак. 

Данецот Валтер , тренер на Еурофарм Пелистер утре во полуфаиналето ќе ја води екипата пртив Веспрем. За утре влогот е голем, а тоа е финале. Валтер за клубот, екипата и очекувањата на овој завршен турнир рече:-Кога бев дете Пелистер беше голем клуб. Кога си на моите години понуда од клуб како Еурофар Пелистер не се одбива. Постоеше шанса да дојдам со високи амбиции во клубот и таа шанса не ја испуштив. Ние сме тим во изградба, имаме десет нови ракометари и нов тренер и падови и подеми се нормална појава. Водевме цело време против Мешков Брест, го имавме Урбан на голот и со малку среќа победивме. Нема што да загубиме утре во полуфиналето. Ништо не се знае, ова е спорт и сите опции се отворени.

Новиот голман на екипата на Еурофарм Пелистер, Урбан Лесјак ги освои срцата на фановите во Битола со своите први настапи, а посебно по одбраните на пеналите во Струга и за пласманот во “Ф4“. Тој на воведната прес-конференција изјави:-Првите впечатоци од Битола се одлични. Веднаш почувствувавме дека сме во градот на ракомет. Луѓето таму „луди“ по овој спорт и што е многу важно – го разбираат спортот. Верувам дека ќе ни бидат голема поддршка во текот на сезоната.  Да не размислувавме дека имаме шанси немаше ни на дојдеме во Задар. Натпреварот почнува со 0:0 и верувам дека ќе се претставиме во најдобро светло. Заслуживме да бидеме тука и да се натпреваруваме со најдобрите.

Фото: СЕХА