Press "Enter" to skip to content

Проф. д-р Зоран Стрерјев, нов член на Управниот одбор на “СЕХА Гаспром лигата“

Претседателот на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола, проф. д-р Зоран Стерјев е избран за нов член на Управниот одбор на “СЕХА Гаспром лигата“ на редовното собрание на натпреварувањето во Задар.

Ова е првпат член на клуб од Битола да биде во структурите на СЕХА лигата.

На собранието Михајло Михајловски е избран за почесен претседател, а на негово место доаѓа Божидар Ѓурковиќ.

Комесар за натпревари останува Марјан Начевски.

More from ВестиMore posts in Вести »