Еурофарм Пелистер – Алпла Хард 24:27 (12:14)
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 со пораз во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ го заврши дебитантскиот настап во Европа, во квалификациите за групната фаза во Европската лига на ЕХФ. За поразот од Алпла Хард пресудно беше неискуството на оваа млада екипи, која “изгоре“ во амбициите и емоциите на нивниот прв меѓународен натпревар.
“Пелистерци“ одлично го отворија натпреварот во серија од три гола и дојода до реми со минусот од Австрија, но три технички грешки Алпла со три гола, па изедначи на 3:3. Оттогаш двата тима се обидуваа да направат предност. Пред крајот на полувремето домашниот тим не успеа да биде концентриран на натпреварот, а на полувреме се отиде со со 12:14 за гостите.Во вториот дел Еурофарм Пелистер 2 не успеаја да направи пресврт и да дојде до изедначување и водство. Битолчани намалија на 17:18, но тоа не беше доволно за резултатски пресврт. Гостите заслужено патуваа дома со победа и пласман во вториот круг од квалификациите.
Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер 2 беше Белистојаноски со шест гола, Атанасијевиќ имаше четири, пред Арсеновски и Ивановски со три гола.