Press "Enter" to skip to content

Иван Димитровски: треба да играме наша игра, верувам во победа за пласман во второ коло

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола, денес во рамките на кваоификациското колого пречекува австрискиот тим Алпла Хард, во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола.  Крилото Иван Димитровски верува дека со помош на публиката возможен е премин во второто квалификационо коло, а на средбата со нивинарите рече:

-Очекувам перфектна вечер в недела. Искрено верувам дека ќе ги добиеме со помош на публиката. На наши грешки го загубивме натпреварот во Австрија. Се надевам дека ќе ги поправиме тие грешки, бидејќи добро го анализиравме противникот. Мислам дека ќе победиме со четири или повеќе гола разлика. Треба да играме наша игра и да не мислиме многу на противикот

Денес, недела, според најавите повторно салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последно место, исто како на СЕХА-четвртфиналето на првиот тим против Мешков Брест. Ако го елиминира Алпла Хард, тимот на Александар Јовиќ ќе дојде на чекор до групната фаза на Европската лига.

More from ВестиMore posts in Вести »