Press "Enter" to skip to content

Томе Китановски се врати во Битола, во матичниот Пелистер

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола кој е кандидат за враќање во Првата фудбалска лига по три одиграни коло во Втората фудбалска лига, денес промовираше ново засилување. Се работи за заокружување на летниот преоден рок со најголемото засилување, во името на Томе Китановски.

Китановски во својот матичен клуб се враќа од Струга Трим Љун каде одигра една сезона. Тој има 30 години и играше за домашни и странски клубови, започна во Пелистер, продолжи во Иниверзитатеја Крајова, Вождовац, Младост Лучани, Истра, Славен Белупо, Кукеше, Македонија ЃП, Шкупи…

Во првите три кола екипата на Пелистер има две победи во гости над Кожув и Арсими, а реми на свој терен протов Беса.

More from СпортMore posts in Спорт »