Во фоајето на Центарот за култура во Битола и оваа година 15 студенти од тренинг-програмата за графички дизајн по втор пат одговорија на предизвикот да ја визуелизираат едноставната љубов кон трчањето и да ги инспирираат љубителите на предизвици да се вклучат на овогодинешниот “Трчај бе“, кој се одржа во неделата низ улиците на Битола.
Со внимателно смислена креативна кампања, потенцирајќи го духот на градот Битола студентите направија успешен спој помеѓу наученото и идејата за “Трчај бе“. Секој на свој уникатен начин си најде место во оваа убава приказна, велат од програмата.
-Многу сме задоволни од овогодинешниот импакт кој го постигнаа студентите со дизјните за “Трчај бе“. Синергијата помеѓу “Monday Learning“ и “Трчај бе“ е неверојатна и затоа креативните идеи лесно навираат. Драго ни е што студентите работеа на една толку креативна кампања, каде максимално ги употребија сите алатки научени за време на програмата за графички дизајн. После само 3 месеци интензивен тренинг, решенијата за кампањата се навистина на напредно ниво и покажуваат дека и тоа како има голем креативен потенцијал во идните графички дизајнери, вели Николина Цветановска од тренинг-центарот и додава:
-На изложбата која се случи во Центарот за култура – Битола сведоци бевме на позитивните реакции и за одличниот резултатот кој го имаше целата кампања. Мотивирани сме се повеќе на ваков начин да влијаеме врз културата на градот и да дадеме поттик што е можно повеќе луѓе да се приклучат на иницијативата.
“Monday Learning“ е “remote“ тренинг центар за програми од областа на графички дизајн, дигитален маркетинг и фриленсинг. Нивната мисија е да профилираат луѓе кои учат за да создаваат, а оваа генерација млади дизајнери повторно го покажа тоа, преку кампањата за “Трчај бе“.

Инспиративна изложба од студентите на програмата за графички дизајн од “Monday Learning“ за “Трчај бе“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










