Press "Enter" to skip to content

Влезници за Супер купот во Охрид, утре, ќе се продаваат во Битола на Широк Сокак

РК Еурофарм Пелистер ги информира своите навивачи и симпатизери дека во Битола, в сабота, на 10 септември од 12:00 до 16.00 часот на специјализиран штанд пред аптеката “Еурофарм“ на Широк сокак во Битола ќе врши продажба на билетите за Суперкупот на Македонија во ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Биљанини извори“ во Охрид, в недела на 11 септември од 20 часот.

Цената на билетот е 200 денари.

Продажбата во Охрид продолжува и ќе се врши секој ден на билетарата во Спортската сала “Билјанини Извори“, во периодот од 18:00 до 20:00 часот.

Бројот на влезниците е ограничен и вратите се затвораат во 19:30 часот.

More from СпортMore posts in Спорт »