Ве известуваме дека на 14.09 (среда) во временскиот интервал од 08.00-15.00 часот на место викано ”Билбил камен“ во Битола, на импровизираното стрелиште ќе се реализира гаѓање со огнено оружје од страна на припадниците на полицијата. За таа цел ја информираме јавноста со оваа активност и апелираме да се воздржат од движење на тоа подрачје.
На 12.09.2022 во СВР Битола, М.Ф. (24) од Битола пријавила дека нејзината сестра на возраст од 19 се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 12.09.2022 во СВР Битола, М.Р. (65) од Битола пријавила дека во населба „Карпош” во Битола била касната од куче скитник.