По летната пауза, Кико се врати на крос-патеките овој викенд и нормално се качи на пиедесталот. Христиан Илиовски – Кико, член на мото клубот Пелистер од Битола и спортски амбасадор на “СН финансии“, се врати од Бугарија со трето место на “Korten BMU European Motocross Championship“.-Оваа трка е позната по силната конкуренција, но тоа не ме обесхрабри. Среќен сум со секоја нова трка, по мојот камбек, а победите се само доказ зошто оние кои веруваа во тоа да ме поддржат кога ми беше најтешко, го направија вистинскиот избор, рече по враќањето во Битола, Христиан Илиовски – Кико.
Да потсетиме, “СН Финансии“ го поддржа Илиевски, враќајќи го на патеките со купување на нов мотор и потребна логистика за да може да се натпреварува.