Press "Enter" to skip to content

“Стефанија & Владимир“ и нивните гости со одличен музички перформанс во Офицерски дом (фотогалерија)

Синоќа во концертната сала на Офицерски дом во Битола се одржа музички перформанс “Стефанија & Владимир“, во рамките на “Бит фест“ – офф програмата.Гости на музичкиот перформанс на музичкото дуо, беа Анастасија Центар – танцов перформанс од Битола, “Dadoni Trumpet“ и Анастасија Центар – вокална група.Синоќа присутните имаа прилика да слушаат авторски песни на “Стефанија & Владимир“ од новиот музички албум, кој е симбол за верба, себеспознавање и вистинска љубов, кои пред битолската публика ги исполнија со многу емоции и оставија впечаток кај присутните.Музичкиот перформанс беше целосно аудио – визуелно доживување и беше уживање на присутната публиката во концертната сала на Офицерски дом Битола.  Перформансот остави кај присутите  силен авторски музички израз и енергија која дополнета со кореографија, игра на светло и звукот на трубата ја направи оваа вечер да биде над очекувањата.Инаку, музичкото дуо “Стефанија & Владимир“ е македонско – српско дуо кое настана во 2019 година, а веќе следната година го започнаа снимање на нивниот музички албум “Трилогија“, кој се состои од 30 песни и се снима во музичкото студио „Welcome to Stefanija’s Music World”.Стефанија е главен вокал, композитор, текстописец, аранжер и продуцент, а Владимир се појавува како гитарист, вокал, текстописец и аранжер.Нивниот печат е авторска музика, длабоки текстови кои пренесуваат животни пораки, танцова експресија и препознатлив моден стил. Тоа е причината за учеството на современи танчери како дел од нивните перформанси.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »