Синоќа во храмот “Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола се одржа 4. по ред концерт на византиско црковно пеење.
Пред почетокот на фестивалот Благослов на фестивалот даде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Господин Петар.
Црквата “Рождество на Пресвета Богородица“- Битола, каде и се одржа фестивалот беше претесна да ги прими сите верници кои сакаа да присуствуваат на овој несекојдневен концерт, кој како и претходните три фестивало привлече голем број верници.
На фестивалот свое учество зедоа детскиот црковен хор “Св. Стилијан“ од Битола, машкиот црковен хор “Св. Ахил Преспански“ од Ресен, женскиот црковен хор “Св. Макрина“ од Битола и машкиот црковен хор “Св. Нектариј Битолски“ од Битола.
Фестивалот е организиран во рамките на “Бит фест“ во фестивалската “оф програма“, а во организација на Преспанско Пелагониската Епархија.
Фото: Преспанско Пелагониската Епархија

Византиско црковно пеење во храмот “Рождество на Пресвета Богородица“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










