Во Битола, во Галеријата, музеј и атеље “Ранко Струмениковски“ деновиве беше гостин познатиот македонски сликар Ацо Филиповски од Скопје. Видно возбуден од галерискиот и музејскиот простор во Битола, Филиповски им се заблагодари на се она што домаќинитего направиле во чест и слава на неговиот другар од детството и младоста, Ранко Струмениковски роден во Битола 1936, каде и живееше и до 2000 кога почина.
-Пријатно сум изненаден, пред се од идејата, а секако и од реализацијата на овој проект, академскиот сликар-графичар Ранко Струмениковски да добие ваков музеј и галерија, рече Филиповски и додаде: ви честитам за се што сте направиле за мојот голем другар Ранко тој да не биде заборавен, воедно, Вие бидете горди на себе си и на Вашето благородно дело.
Инаку, Ацо Филиповски е од Мавровскиот крај, поточно родум од селото Никифорово, роден брат на Народниот херој Чеде Филиповски -Даме, па оттаму и разбирливо што голем дел од неговите дела се со родољубива и патриотска тематика со ликови и портрети на историски и револуционерни личности од македонската историја и култура.
-Битола ми е многу драга бидејќи со овој град ме поврзува раното детство како домец во детските домови “Елпида Карамади“, денес училишната зграда на “Гоце Делчев“ и “Лазо Трповски“, денес Основното училиште “Кирил и Методиј“, кои по Втората светска војна во извесен период се користеа и како домови за згрижување на мали деца, рече современиот македонски сликар Ацо Филиповски.
На домаќините Драган Ристевски и Тања Струмениковска, ќерка на Ранко, сликарот Филиповски им подари монографија во која се застапени дела од обемниот опус од над 2000 дела, слики, цртежи и графики, како и вредни биографски податоци од животот на уметникот Ацо Филиповски, и две негови дела за партизанската легенда, Народниот херој Чеде Филиповски – Даме, како и монографија за родното Никифорово.

Познатиот македонски сликар Ацо Филиповски гостин во Галеријата, музеј и атеље “Ранко Струмениковски“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










