Press "Enter" to skip to content

Теодор Најденов и Златко Ицаноски од Битола и официјално во “А“ билијард дивизијата

Шестиот мастер од државното првенство во “Б“ дивизијата се одигра на 17 септември во “Гран клуб“ Скопје, на кој Битола се претстави со 6 играчи, а вкупно имаше 25 играчи од билијард центрите во Македонија.

-После овој мастерс Битола и официјално во “А“ дизизијата ќе има уште два билијард играчи во најквалитетното билијард друштво. Тоа се  Теодор Најденов кој во Скопје рутински дојде до петтото место и најдобриот играч Златко Ицаноски – Пепел со освоениот бронзен медал, вели Горан Думевски – Панчо.

Николче Србиноски не го издржа притисокот и не успеа да остане во борбата за 4. место кое води во Првата лига. Наум Гулевски, највозрасниот играч, иако е во добра форма во континуитет не успева да го докаже тоа и на Државниот шампионат иако често се среќава со играчи со послаб квалитет од него. Тони Петровски одигра две одлични партии и функционираше одлично, но во клучните моменти му се распадна играта.

Најмалиот член Илија Димовски ја оствари својата прва официјална победа на Државното првенство и покажа солидна игра. Се гледа во неговата игра напредок и тоа дека е во тренажен процес. Грешките кои се провлекоа беа од неискуство и од некои ситуации кои не беа доволни извежбани и во најкраток можен рок заедно со тренерот Горан Думевски Панчо ќе пристапат кон решавање на тие проблеми.

На овој како и на сите досега турнири судија и делегат беше Горан Думевски – Панчо од Битола кој што неодамна доби и лиценца за Национален тренер по билјард.

Останува уште 7. последен мастерс, но и покрај тоа што е пракса како што одминува првенството да е помал бројот на пријавени играчи сепак оваа сезона не е така, а тоа покажува дека билјардот зема се повеќе замав и е се попопуларен спорт.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »